This page contains a list of user images about скопје which are relevant to the point and besides images, you can also use the tabs in the bottom to browse скопје news, videos, wiki information, tweets, documents and weblinks.
Red vs. Blue S8 Tex fights Reds and Blues in awesome action sequenceGo to RoosterTeeth.com for all of season 8 of RvB!
Einstein vs Stephen Hawking -Epic Rap Battles of History #7Download this song: http://bit.ly/EpicRap7 New ERB merch: http://bit.ly/MNwYxq Tweet this Vid-ee-oh: http://clicktotweet.com/TpUg9 Hi. My name is Nice Peter,...
MACKLEMORE & RYAN LEWIS - CAN'T HOLD US FEAT. RAY DALTON (OFFICIAL MUSIC VIDEO)Macklemore & Ryan Lewis present the official music video for Can't Hold Us feat. Ray Dalton. Can't Hold Us on iTunes: https://itunes.apple.com/us/album/cant-...
Draw My Life- Jenna MarblesThis video accidentally turned out kind of sad, ME SO SOWWY IT NOT POSED TO BE SAD WHO WANTS HUGS AND COOKIES? Also, FYI for anyone attempting this, it takes...
Rihanna - Pon de Replay (Internet Version)Music video by Rihanna performing Pon de Replay. YouTube view counts pre-VEVO: 4166822. (C) 2005 The Island Def Jam Music Group.
Key & Peele: Substitute TeacherA substitute teacher from the inner city refuses to be messed with while taking attendance.
Draw My Life - Ryan HigaSo i was pretty hesitant to make this video... but after all of your request, here is my Draw My Life video! Check out my 2nd Channel for more vlogs: http://...
David Guetta - Just One Last Time ft. Taped Rai"Just One Last Time" feat. Taped Rai. Available to download on iTunes including remixes of : Tiësto, HARD ROCK SOFA & Deniz Koyu http://smarturl.it/DGJustOne...
Harrison Ford Won't Answer Star Wars QuestionsSee Harrison Ford in 42! Go to http://42movie.warnerbros.com/ Jimmy Kimmel Live - Harrison Ford Won't Answer Star Wars Questions Jimmy Kimmel Live's YouTube ...
Rihanna - Where Have You BeenBuy on iTunes: http://www.Smarturl.it/TTT Amazon: http://idj.to/svJVGM Music video by Rihanna performing Where Have You Been. ©: The Island Def Jam Music Group.
| Скопје | |
|---|---|
Камениот мост, Македонскиот народен театар, Капан ан, МРТВ, Порта „Македонија“, статуа „Воин на коњ“, Скопско кале. |
|
| Mестоположба | |
Скопје на картата на Република Македонија |
|
|
Координати : 42°0′0″ СГШ, 21°26′0″ ИГД |
|
| Општи податоци | |
| Име: | Скопје |
| Поштенски бр.: | 1000 |
| Повикувачки бр.: | (+389) 02 |
| Автомобилска ознака: | SK |
| Заштитници: | Св. Богородица |
| Портал: | skopje.gov.mk |
| Историја | |
| Стари имиња: | Скупи |
| Управа | |
| Држава: | |
| Регион: | |
| Општина: | |
| Бр. на општини: | 10 |
| Градоначалник: | Коце Трајановски |
| Географија | |
| Површина: | 1.818 |
| Надм. височ.: | 240 м |
| Население | |
| Население: | 668.518[1] |
| Образование: | |
Скопје е главниот и најголемиот град во Македонија, а воедно претставува административно политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во средишниот дел на Балканскиот Полуостров распространет на бреговите на реката Вардар.
Содржина |
Име [уреди]
Градот Скопје во текот на своето постоење во зависност од историските прилики бил именуван со различни имиња. Античкото име е Скупи (латински: Scupi).
Името на градот Скопје има различна транскрипција на различни јазици и култури. Градот е познат како Shkupi ('Шкупи') на албански, Скопље/ Skoplje на српско-хрватски јазик, Scupi ('Скупи') на латински, Скопье на руски, Skopiye ('Скопије') на ромски, Σκόπια ('Скопиа') на грчки, Skopje на романски јазик, Üsküp ('Ускуп') на турски, итн.
Во византиските документи градот е забележан како Скопија, а Словените го означувале и како Скопiе, Скопје, Скопље. За време на владеењето на цар Самоил, Скопје станува дел од Самоиловото царство. Во подоцнешниот период градот подпаѓа под власт на Византија, Бугарија и Србија, а на 19 јануари 1392 градот го зазеле Османлиите и го добил името Ускуп (Üsküp).
Историја [уреди]
Најстарите сведоштва и археолошки пронајдоци тврдат дека Скопје е населен уште од 4 000 г.п.н.е.[2] Скопје за прв пат во документи се споменува од Клаудиј Диоломеј под древното име Скупи. Името Скупи (колиба, засолниште, стреа) за прв пат се јавува кај Пајонското племе Агријани, кои живееле на овие простори.
Според историските податоци, во времето на императорот Октавијан Август, од 13-та до 11-та година пред нашата ера, Скупи од логор (каструм) на двете Македонски легии - 5-та Македонска и 4-та Скитска легија прераснал во град.
Подоцна во 84 или 85 година императорот Домицијан основал колонија Флавија Скупи, град со римски самоуправни права кој бил најголем на просторот од Солун на југ до Дунав на север. Во тоа време Скопје доживува голем развој и станува град со свој бискуп.
За прв пат градот е разурнат во катастрофалниот земјотрес на 28 април 518 година. По земјотресот Скупи веќе не се споменува, а скопската котлина добива нов град со името „Јустинијана Прима“.
Османлиско ропство [уреди]
Во 1555 година градот повторно е разурнат од катастрофален земјотрес, но набрзо е обновен и станува турско воено упориште.
На 25 и 26 октомври 1689 година градот го освоил Австро-унгарскиот генерал Силвио Пиколомини кој подоцна го запалил Скопје поради епидемија на чума и за да не им остави ништо на непријателите. Градот горел цели два дена и бил скоро целосно уништен[3].
Во XIX век Скопје станува важен сообраќаен центар и во него цвета занаетчиството. На 25 октомври 1912 година по 520-годишно владеење Османлиите го напуштаат Скопје, а веќе наредниот ден влегува Моравската дивизија на српската војска со што градот потпаѓа под српска власт.
Првата и Втората Светска војна [уреди]
За време на Првата светска војна Скопје се наоѓа под окупација на Бугарските и Австро-унгарските сили, а по завршување на војната станува дел од Кралството на Србите, Хрватите и Словенците.
Во Втората светска војна Скопје повторно е окупирано од Бугарија, сојузник на нацистичка Германија. На 22 април 1941 година бугарската Петта армија го окупира Скопје и останува во градот се до 9 септември 1944. На 13 ноември 1944 година борците од 42-та и 50-та Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16-та Македонска бригада го ослободија Скопје од германската фашистичка окупација.
По ослободувањето од фашистичкиот окупатор на 13 ноември 1944 година, градот брзо се развива и станува индустриски, културен и административен центар на Социјалистичка Република Македонија која е во составот на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.
Земјотресот од 1963 [уреди]
Во почетокот на ноември 1962 поради обилни дождови, реката Вардар го поплави Скопје. Поплавени беа околу 5000 куќи. Поплавата беше предвесник на една поголема трагедија неколку месеци подоцна.
На 26 јули 1963 година во 5:17 часот Скопје беше разурнато од земјотрес со 9 степени по меркалиевата скала (6,1 според рихтеровата сеизмичка скала). Под урнатините животот го загубија 1 070 негови граѓани, беа повредени над 4 000 граѓани. Повеќе од 90 отсто од зградите во градот беа урнати и над 20 000 граѓани оставени без покрив над главата.
По земјотресот градот почна да се гради по урнек по проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски. Старата Железничка Станица, денес е музеј на градот Скопје и симбол на големиот земјотрес. Часовникот на станицата е засекогаш сопрен на фаталните 5 часот и 17 минути изутрина.
Првата помош за граѓаните на Скопје дојде од војската и граѓаните на тогашните југословенски републики и неколку дена по земјотресот започна да пристигнува и помош и спасувачки екипи од целиот свет. Точно 87 нации во светот испратија некаква помош во Скопје кои помогнаа тој да се изгради повторно, и поради тоа градот го носи и епитетот „Град на солидарноста“.
Географски податоци [уреди]
Скопје се наоѓа на 21° 26' источна географска должина и 42° северна географска ширина. Надморската височина во центарот на градот изнесува 240 m. Се простира на 1818 км² во широчина 9 км (Водно-Радишани) и во должина 23 км. (Драчево - Ѓорче Петров). Градското подрачје зафаќа површина од 225 км².
Климата во Скопје ја карактеризира средна годишна температура од околу 12,4 °C. Летата се долги суви и жешки, а зимите ладни со многу магловити денови. Низ скопската котлина протекуваат реката Вардар со своите притоки: Треска, Пчиња, Маркова Река, Лепенец и Кадина Река. Скопската котлина ја опкружуваат планините: Водно, Караџица, Осој, Жеден и Скопска Црна Гора.
| Клима на Скопје (1971-1990) | |||||||||||||
|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
| Показател | Јан | Фев | Мар | Апр | Мај | Јун | Јул | Авг | Сеп | Окт | Ное | Дек | |
| Просечна максимална (°C) | 4,3 | 8,4 | 13,8 | 18,5 | 23,7 | 27,5 | 30,0 | 30,0 | 26,0 | 19,3 | 10,2 | 5,1 | |
| Просечна минимална (°C) | −3,4 | −1,3 | 1,9 | 5,4 | 9,9 | 13,1 | 14,9 | 14,6 | 11,3 | 6,3 | 1,3 | −2,4 | |
| Апсолутна минимална (°C) | −8,5 | −23,4 | |||||||||||
| Просечно кол. врнежи (мм) | 33,6 | 37,2 | 35,8 | 40,4 | 61,8 | 45,9 | 33,6 | 31,3 | 41,0 | 44,0 | 56,3 | 46,1 | |
Скопски населби и маала [уреди]
Видете: Скопски населби и маала
Територијална организација на Скопје [уреди]
- Главна статија: Град Скопје
Во градот Скопје има 10 општини: Аеродром, Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Карпош, Кисела Вода, Сарај, Центар, Чаир и Шуто Оризари. Според бројот на жители, најголема општина во град Скопје е Аеродром со 98.382 жители, а најмала е Шуто Оризари со 20.800 жители. Според површината, најголема општина во градот Скопје е Сарај со 229 км², а најмала е Чаир со 3,5 км².
Население и демографија [уреди]
| Население низ историјата | ||
|---|---|---|
| Година | Жители | %± |
| 1913 | 43.331 | — |
| 1919 | 51.758 | 19.4% |
| 1926 | 69.269 | 33.8% |
| 1931 | 68.334 | −1.3% |
| 1935 | 70.716 | 3.5% |
| 1948 | 102.600 | 45.1% |
| 1953 | 139.200 | 35.7% |
| 1961 | 197.300 | 41.7% |
| 1971 | 312.300 | 58.3% |
| 1981 | 408.100 | 30.7% |
| 1994 | 448.200 | 9.8% |
| 2002 | 506.926 | 13.1% |
| 2006 | 668.518 | 31.9% |
Според новата територијална организација (припојување на општините Сарај и Кондово) градот Скопје има 668.518 жители (66,75% Македонци) меѓутоа околу 15% од тоа претставува селско население поради големиот број на села во составот на Општина Сарај.
Од гледна точка на демографските движења на населението Скопје има позитивна популациона слика. Населението на градот се постојано зголемува пред се поради големиот број доселувања (најчесто од градовите и селата од внатрешноста на Македонија) и поради наталитетот. Мора да се спомене дека како и во целата земја и во Скопје бројот на раѓањата (наталитетот) драстично опаѓа меѓутоа како најголем и најразвиен град во државата стапаката на раѓање сепак е највисока. Доселувањата во Скопје се во постојан подем и континуитет од крајот на Втората светска војна. Луѓето денес во Скопје пред се се доселуваат поради стопанско - економски причини или поради продолжување на своето образование. Светец заштитник на градот Скопје е Св. Богородица.
Транспорт [уреди]
Јавниот превоз во Скопје се одвива со такси и автобуси. Постојат приватни и државни превозници, од кои неспоредливо најголем превозник е ЈСП-Скопје кој го покрива целиот град и неговата поширока околина. Во тек е подготовката за изградба на трамвајски превоз низ градот[4].
Туристички локации [уреди]
Места од интерес за туристички разгледувања се:
- Камениот мост, на реката Вардар кој е симбол на Скопје. Бил изграден во XV век и бидејќи е во централниот дел на градот, тој преставува врска помеѓу новиот и стариот дел.
- Тврдината Кале. Првите ѕидини биле изградени на истото место, во почетокот на VI век. Калето доминира над левиот брег на реката Вардар со поглед на стариот дел на Скопје.
- Православната црква Св. Спас, во стариот дел од градот била изградена во XIX век. Иконостасот содржи прекрасни дрвени резби, изрезбани од мијачките резбари Петре и Марко Филиповски и Макарие Фрчковски. Во дворот на црквата се наоѓа гробот на најголемиот македонски револуционер на XX век - Гоце Делчев.
- Старата турска чаршија, каде има стари занаети, Безистенот, Чивте-амам и други објекти.
- Мустафа-пашината џамија, изградена во 1492 година е еден од најубавите градби од Отоманскиот период на Скопје.
- Јахја-пашина џамија во близината на центарот на Скопје.
- Даут-пашината бања изградена во XV век како јавна бања. Се наоѓа на влезот на старата скопска чаршија и од 1948 година е адаптирана во уметничка галерија.
- Феудалната кула крај Домот на АРМ.
- Саат-кула во непосредна близина на Султан-муратовата џамија.
- Соборниот храм Св. Климент Охридски. Таа се наоѓа во центарот на градот на десната страна на реката Вардар. Соборниот храм беше осветен во 1990 година.
- Старата железничка станица, завршена во 1940/41 година. Своевремено една од најубавите железнички станици на Балканот. Часовникот на предната страна е застанат на 5:17 минути изутрина, моментот кога Скопје го погоди катастрофален земјотрес. Сега во зградата се наоѓа Музејот на град Скопје.
- Музејот на современа уметност, се наоѓа на тврдината Кале.
- Милениумскиот крст, се наоѓа на врвот на планината Водно непосредно над градот. Крстот е направен од челик со висина од 67 м и распон на краците од 46 m. Подигнат е по повод 2000-годишнината од раѓањето на христијанството.
- Местото на родната куќа на познатот светски хуманитарец, Мајка Тереза близу поштадот „Македонија“.
- Во близина на градот Скопје, покрај патот Скопје-Качани се наоѓа стар Аквадукт изграден од камен и тули со 55 лакови што се потпираат на масивни столбови. Тој служел за донесување вода до античкиот град скупи кој се наоѓа во непосредна близина до Скопје.
- Улицата Македонија која е со прекрасна архитектура и каде што се наоѓа феудралната кула која Што денес е музеј.
- Градскиот ѕид кој се состои од верижно поврзани блокови со висина од 24 метри и кули високи 45 метри - еден вид на ѕид-тврдина во модерна интерпретација, тој е изграден по земјотресот во 1963 и кој е проектиран од познатиот јапонски архитект Кензо Танге. Тој го обиколува центарот на градот од десната страна на реката Вардар. Кензо Танге исто така проектирал уште многу други градби кои не се реализирале.
- Куршумли ан датира од XVI и се наоѓа во старата чаршија. Тоа е еден од најубавите локалитети во Скопје. Курсумли ан во минатото се користел како бања каде сто се бањале голем дел од населението.
Познати личности [уреди]
- Јустинијан I, византиски цар, роден во Тауресиум (денешно село Таор) во близина на Скупи;
- Мајка Тереза (Агнеза Бојаџиу), позната хуманистка, добитничка на Нобелова награда за мир во 1979 год.
- Милчо Манчевски, познат режисер (филм „Пред дождот“ и др.)
- Мајк Зафировски, познат светски бизнисмен, менаџер и советник на американскиот претседател Џорџ В. Буш
- Симон Трпчески, пијанист од врвен светски формат
- Срѓан Керим, Претседател на Генералното собрание на Обединетите Нации 2007/2008
- Бранимир Штулиќ - Џони, познат пејач од групата Азра
- Дарко Панчев, македонски фудбалер.
Збратимени градови [уреди]
Скопје е збратимено со следниве градови[5]:
Поврзано [уреди]
- Град Скопје
- Градоначалник на Град Скопје
- Почесни граѓани на Град Скопје
- Данило Коцевски - историчар на градот Скопје
Наводи [уреди]
- ↑ Податоци за Скопје
- ↑ http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=46
- ↑ Поњавиќ, Кики Мангова (26 октомври 2009), „Пиколомини и Скопје - градот феникс“, „Утрински весник“ (3118), http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=575E0685BBFCB54182D35C72AB491374
- ↑ Јовановска-Дојчиновска, Весна (22 ноември 2010). „Тргна процедурата за трамвај од Ново Лисиче до Ѓорче Петров“. Телма. http://www.time.mk/read/NONE/9f6a0d4a61/index.html. проверено на 24 ноември 2010.
- ↑ http://www.skopje.gov.mk/EN/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=69 Збратимени градови на Скопје
- ↑ „Дрезден - Партнетски градови“. © 2008 Landeshauptstadt Dresden. http://www.dresden.de/en/02/11/c_03.php. проверено на 29 декември 2008.
- ↑ „Збратимен градови на Инстанбул“. http://www.greatistanbul.com/sister_cities.htm. проверено на 8 септември 2007.
- ↑ Erdem, Selim Efe. „İstanbul'a 49 kardeş“, Радикал, 2003-11-03. (на турски) „49 збратимени града во 2003“
Надворешни врски [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Скопје“ |
- Општо
- Официјална страна на Град Скопје
- Скопје пред земјотресот на англиски јазик.
- Историски и денешни аспекти на Скопје
- Старо Скопје
- Музеј на Град Скопје
- Аеродроми во Македонија- Александар Велики
- Детален урбанистички план на Скопје
- Земјотресот од 1963
- Сеќавања за катастрофалниот земјотрес во Скопје
- Страотни слики - сведоци на една голема трагедија, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Македонското културно-историско наследство под урнатини, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Турските турбиња, анови и џамии станаа само камени купови, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Само пукнатини и руини од монументалните градби, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Значајни архитектонски објекти-жртви на природната сила, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Неколку дена по трагедијата на македонското тло, од Милева Лазова, магазин "Македонско Сонце"
- Туризам и комплетен преглед на градот
- Скопје- туристички портал
- Интернет страница за Скопје
- Интернет портал за Скопје
- Туристички водич за Скопје на англиски.
- Слики
- Галерија слики за Скопје од mitatos
- Разгледница од Скопје, по повод земјотресот 1963 година, Слободан Јаќоски
- Слики за Скопје
- Фото галерија за Скопје
- Фотографии за Скопје
|
|||||||
|
|||||||||||||||||||||||||||||||||||||
|
|||||||
|
|||||



Research








